Отворен ден на УКИМ 12.04.2024 година

Повелете на отворениот ден на УКИМ на ден 12.04.2024 година на платото на Универзитетот ,, Свети Кирил и Методиј” Скопје од 11.00 до 15.00 часот

Драги матуранти, наши идни студенти! 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот, на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки!

Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. 

Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат. 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја! 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје! 

Се гледаме на 12-ти април.