Избирачки списоци за Факултетско студентско собрание на Медицински факултет

Почитувани студенти,

Ве инфнормираме дека објавени се избирачките списоци на студентите на Медицинскиот факултет во Скопје за престојните избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје кој ќе се одржат на 23.12.2024 година.

Секој студент може да изврши увид во избирачките списоци и да побара исправка или дополнување на истите. Барањето треба да се достави на следнава е-маил адреса: medf@medf.ukim.edu.mk, надоцна до 28.11.2024 година (четврток), до 14 часот.

Барањето за исправка и/или дополнување на избирачките списоци, треба да содржи цело име и презиме, број на индекс и краток опис на што се однесува барањето (исправка или дополнување на избирачките списоци). Во предмет на е-маил (subject) се наведува „барање за исправка во избирачите списоци-број на индекс„ или „барање за дополнување на избирачките списоци – број на индекс“.

Со почит,

Медицински факултет во Скопје

Избирачки список за Општа медицина

Избирачки список за Логопеди

Избирачки список за Стручни медицински сестри / техничари

Избирачки список за Физиотерапевти

Избирачки список за Радиолошки технолози

Избирачки список за Лаборанти

Избирачки список за Акушерки / акушери

Избирачки список за Општа медицина – Англиски јазик

Избирачки список втор циклус магистерски судии – јавно здравство

Избирачки список трет циклус докторски студии јавно здравство

Избирачки список трет циклус докторски студии по медицина