Reckitt Global Hygiene Institute (RGHI) launches post-doctoral fellowship programme Professor Sonja Topuzovska Dean of Faculty Faculty of Medicine Saints Cyril and Methodius University
Dear Professor Topuzovska
I am writing to introduce you to the Reckitt Global Hygiene Institute (RGHI) and, most specifically, the fellowship programme we have just announced. Launched in 2020, the RGHI has been endowed with $25 million to support its mission of enabling and accelerating a portfolio of hygiene science to improve public health through better outcomes and behaviours.
The RGHI postdoctoral fellowship programme embodies this mission and, through it, intends to support several 3-year postdoctoral fellowships (awarded in several annual rounds) in the field of hygiene.
Please share this information, particularly with early career scientists in your department. The deadline for applications is 30th April 2021.
The details, including priority areas of scientific interest, are available on our website. If you have any specific questions, please email back at fellowships@rghi.org
If you would like to keep up to date with the latest news and updates from RGHI please follow us:
Regards Simon Sinclair PhD MB BChir Executive Director Reckitt Global Hygiene Institute
Агенцијата за млади и спорт по осми пат ги објави конкурсите за „Млади поети“ и „ Млади уметници”, како и за прв пат Конкурс „Млади музички уметници”. Оваа година Конкурсите се дел од Националнта Програма „2021- година во чест на Блаже Конески”.
Агенцијата за млади и спорт поради техничка грешка го повлекува Конкурсот за млади музички уметници објавен на 20.2.2021 година , и го ребјавува со нова содржина. Се извинуваме поради настаната техничка грешка.
Во прилог линк до Конкурсот за млади музички уметници.
Доколку сакате да се запознаете со главните сајбер ризици и безбедносни напади во дигиталниот свет, како и да научите „трикови“ за заштита на вашите лични податоци, електронски уреди, мобилни телефони и други информациски ресурси – повелете на е-learning курсот:
Cyber Hygiene – Основни сигурносни правила во дигиталната околина-
Курсот е бесплатен за студентите на нашиот Универзитет, и веќе е започнат (од овој месец), и ќе трае до Март 2021. За да се регистритате одете на:
* Следнуваат и дополнителни награди за најуспешните на курсот.
За повеќе информации за курсот – разгледајте го памфлетот во прилог!
** При регистрација, мала помош: Во делот „Линија на активност* “ изберете „Универзитетски студент“, а потоа ќе ви се отворат три нови полиња кои треба да ги пополнете, па така во делот „Оддел*“ изберете го Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, но на англиски јази, почнете со впишување првите букви (пример: St. Cyril and Methodius …) и ќе излезе предлог да го селектирате нашиот Унивезитет. Потоа во делот „Работно место * “ изберете го Факултетот каде што студирате, повторно со впишување на англиски јазик на неколку почетни букви од факултетот (пример за внесување: Faculty of Elec…) и одберете го понудениот Факултет од листата.
Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик и акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија
Обука 3: Зачувување на безбедноста во установите за долготрајна нега за време на КОВИД-19 (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)
За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: https://obuki.zdravstvo.gov.mk.
Станува збор за официјално акредитирани обуки од Лекарската комора на С. Македонија до 31 март 2021, а по завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа https://obuki.zdravstvo.gov.mk.
Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: „Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и со поддршка од британската амбасада.
За повеќе информации погледнете го документот во прилог.
Ќе бидеме благодарни ако овие информации бидат споделени со студентите на медицински факултет од завршните години.
По повод празникот 24 мај денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј делегација предводена од Деканот на Медицински факултет – Скопје Проф. Соња Топузовска положи цвеќе пред споменикот во комплексот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Во согласност со препораките на Светска здравствена
организација (СЗО), Министерството за здравство
на Република Северна Македонија и Центарот за Управување со кризи на
Република Северна Македонија, ве информираме за одредени лични и колективни
заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги
превземе со цел заштита од вирусот
Ковид-19 познат како Корона.
Kонкретни мерки кои ме штитат мене и
другите од инфекција
Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘
до рачниот зглоб);
Избегнувајте ракување и прегрнување;
Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги
притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката;
Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири;
Избегнувајте да споделувате храна или предмети за лична хигиена;
Проветрувајте ги редовно просториите во кои престојувате;
Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на
семејството;
Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и
носот;
По потреба ставете ракавици или менувајте ги секојдневно;
Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот;
Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
Вработените кои се чувствуваат добро, но дома имаат член на семејството
заразен со коронавирус задолжително да го известат својот претпоставен и да се
пријават на еден од контактите кои Министерството за
здравство ги споделува со цел да се добијат точни инструкции за натамошно
постапување;
Колегите кои се заболени
од сезонскиот грип препорачливо е да се задржат на домашно лекување и да не
доаѓаат на работа се додека матичниот доктор не препорача дека враќањето на
работа е можно и да се активира соодветно боледување.
Медицинските маски не се
потребни за здрави лица, нив треба да ги носат лица кои имаат кивавици, кашлици
и температура затоа што на тој начин помагаат во намалување на шансите за
зараза на други лица. Оттука, не е потребно здрави колеги да носат маски на
работното место.
Мерки кои ги превзема Медицинскиот
факултет
Ke сe достават дополнителни антисептички средства за хигиена на раце во сите тоалети и во сите канцеларии (која не треба да го замени редовното миење на
раце);
Се одложуваат сите службени патувања надвор од земјата;
Се одложуваат семинарите кои се закажани во просториите на Факултетот.
Препораки за приватни патувања
Вработените би требало да ги проучат најновите укажувања и препораки за
секоја дестинација. Патувањата во странство (земјите каде е утврдено постоењето
на вирусот) да ги одложите освен ако истите не се од исклучителна
важност;
Советуваме пред тргнување на пат да извршите лекарски преглед за да се
утврди евентуално постоење симптоми на акутна болест на дишните патишта. Ако ги
има, тогаш е важно да се остане дома;
Оној кој ќе се разболи на пат, за тоа треба веднаш да го извести својот предпоставен.
Подолу Ве упатуваме соодветно да
постапите согласно Апелот на Владата на Република Северна Македонија
,, Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во
државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно,
средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во
последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве
земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во
Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку,
Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на
работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата,
претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за
контакт во центрите за јавно здравје наведени на сликата подолу.
Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат
релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат
институциите навремено и ефективно да реагираат.
Владата на Република Северна Македонија повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.”
На ден 11.03.2020
година во 10 часот ке се одржи презентација на програмата за практикантство во
Алкалоид АД Скопје. Ги покануваме сите заинтересирани во Амфитеатарот на
Медицински факултет.