Отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)
И оваа година, 🎓со почетокот на новата академска учебна година, Центарот за кариера на УКИМ со нови активности❗️
🎯 За сите студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет во Скопје💊🧪🧬🩺
📢 отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)
🥇🥈🥉Трите најдобри проекти ќе бидат наградени со финансиско-едукативен грант
Повеќе инфо на:🔗 centarzakariera.ff.ukim.edu.mk



Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2021 година, претседател на Р. Северна Македонија
Почитувани Декани/Директори,
Би сакала да Ве известам дека е објавен Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади, кое го доделува претседателот на Р. Северна Македонија.
Јавниот повик ги опфаќа сите лица кои заклучно со 2021 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во 8 категории:
1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;
5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.
Повикот е отворен до 30ти септември 2020 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/
Би сакала да замолам Повикот да биде дисеминиран до наставниот кадар на Вашите институции, како и до студентите постдипломци/докторанти кои би биле заинтересирани.
Со почит,
проф. д-р Анета Цекиќ
(претседателка на Комисијата за доделување на наградата)
Распоред за полагање на испитот по Инфектологија во августовско – септемвриската сесија
Повик за апликации на North Macedonia – Career Transition Support програмата
Почитувани, Во прилог на ваше внимание го доставувам повикот за апликации на North Macedonia – Career Transition Support програмата:
- Апликациониот формулар
- Флаер од програмата на Македонски јазик
- Флаер од програмата на Англиски јазик
- Потребни документи за една успешна апликација
Оваа информација можете да ја споделите со студентите кои се во последната година од нивните студии, оние кои имаат завршено не повеќе од 6 месеци до рокот на аплицирање и студентите кои се на мастер. Рокот на аплицирање е до 31 Август 2022. Web: https://www.wusgermany.de/en/international-projects/career-transition-support-north-macedonia Би сакале уште еднаш да ви се заблагодариме за соработката и се надеваме на позитивен одговор од студентите.
Со почит, Димитар Каљошевски
Распоред за полагање на предметот Инфектологија во Јунската испитна сесија
Конкурс за доделување средства за објавување научни трудови во престижни списанија за 2020 година од Универзитетот “Св. Кирил и Методија”, Скопје
Конкурс за доделување средства за објавување научни трудови во престижни списанија за 2020 година од Универзитетот “Св. Кирил и Методија”, Скопје
Кандидатите најдоцна до 13.6.2022 година, до продеканот за наука, треба да достават во печатена форма (преку Архивата на факултетот) и електронска форма ( на E-mail: rozalinda.popova@medf.ukim.edu.mk и medf@medf.ukim.edu.mk ) :
- Пополнет Образец за секој труд со кој аплицираат и е објавен во 2020 година во списание со фактор на влијание,
Образецот кој е составен дел на Конкурсот, е изработен во електронска форма (forms.office) и замолуваме да се пополнува преку следниот линк.
На крај од е-формата, имате опција за печатење, како и зачувување на документот во pdf.
ERASMUS + апликација за студенти во академската 2022/23 година
Универзитетски спортски игри
Свечено доделување на дипломи
На ден 02.06.2022 година во амфитеатарот на Медицинскиот факултет Скопје со почеток во 11 часот, ќе се одржи свечено доделување на дипломи за студентите кои требаше да ги подигнат во декември 2021 година, а беше одложено поради COVID мерките