Курс за Cyber Hygiene

Почитувани студенти,

Доколку сакате да се запознаете со главните сајбер ризици и безбедносни напади во дигиталниот свет, како и да научите „трикови“ за заштита на вашите лични податоци, електронски уреди, мобилни телефони и други информациски ресурси – повелете на е-learning курсот:

Cyber Hygiene – Основни сигурносни правила во дигиталната околина-

Курсот е бесплатен за студентите на нашиот Универзитет, и веќе е започнат (од овој месец), и ќе трае до Март 2021.
За да се регистритате одете на:

https://cybereducation.org/mc/index.php/usr/login/login

* Следнуваат и дополнителни награди за најуспешните на курсот.

За повеќе информации за курсот – разгледајте го памфлетот во прилог!

** При регистрација, мала помош: Во делот „Линија на активност* “
изберете „Универзитетски студент“, а потоа ќе ви се отворат три нови полиња кои треба да ги пополнете,
па така во делот „Оддел*“ изберете го Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, но на англиски јази, почнете со впишување првите букви (пример:
St. Cyril and Methodius …) и ќе излезе предлог да го селектирате нашиот Унивезитет.
Потоа во делот „Работно место * “ изберете го Факултетот каде што студирате, повторно со впишување на англиски јазик на неколку почетни букви од факултетот (пример за внесување: Faculty of Elec…) и одберете го понудениот Факултет од листата.

Ве очекуваме.

Флаер

Информации за обука на студентите од IV, V и VI година на Медицински факултет за КОВИД – 19

Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик и акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија

Обука бр. 1: Постапување со болни од КОВИД-19 во клинички услови – општи назнаки (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

Обука 2: Стандардни мерки на претпазливост: Хигиена на рацете (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

Обука 3: Зачувување на безбедноста во установите за долготрајна нега за време на КОВИД-19 (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: https://obuki.zdravstvo.gov.mk.

Станува збор за официјално акредитирани обуки од Лекарската комора на С. Македонија до 31 март 2021, а по завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа https://obuki.zdravstvo.gov.mk.

Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: „Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и со поддршка од британската амбасада.

За повеќе информации погледнете го документот во прилог.

Ќе бидеме благодарни ако овие информации бидат споделени со студентите на медицински факултет од завршните години.

Срдечно,

Светска здравствена организација

Нови COVID – 19 Обуки – информации

Распоред на испити во Јануарска испитна сесија 2020/21

Распоред на испитите на прва година – Општа медицина

Распоред на испитите на втора година – Општа медицина

Распоред на испитите на трета година – Општа медицина

Распоред на испитите на четврта година – Општа медицина

Распоред на испитите на петта година – Општа медицина

Распоред на испитите на шеста година – Општа медицина

Распоред на испитите на прва година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на втора година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на трета година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на прва година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на втора година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на трета година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на прва година – Логопеди

Распоред на испитите на втора година – Логопеди

Распоред на испитите на трета година – Логопеди

Распоред на испитите на прва година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на втора година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на трета година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на прва година за Инженер по медицинско лабораториска дијагностика

По повод празникот 24 мај денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј

По повод празникот 24 мај денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј делегација предводена од Деканот на Медицински факултет – Скопје Проф. Соња Топузовска положи цвеќе пред споменикот во комплексот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Препорака за лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона

Во согласност со препораките на Светска здравствена организација (СЗО), Министерството за здравство  на Република Северна Македонија и Центарот за Управување со кризи на Република Северна Македонија, ве информираме за одредени лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона.

Kонкретни мерки кои ме штитат мене и другите од инфекција

  • Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб); 
  • Избегнувајте ракување и прегрнување; 
  • Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката; 
  • Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири; 
  • Избегнувајте да споделувате храна или предмети за лична хигиена;
  • Проветрувајте ги редовно просториите во кои престојувате;
  • Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството; 
  • Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот; 
  • По потреба ставете ракавици или менувајте ги секојдневно; 
  • Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот; 
  • Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
  • Вработените кои се чувствуваат добро, но дома имаат член на семејството заразен со коронавирус задолжително да го известат својот претпоставен и да се пријават на еден од контактите кои Министерството за здравство ги споделува со цел да се добијат точни инструкции за натамошно постапување;
  • Колегите кои се заболени од сезонскиот грип препорачливо е да се задржат на домашно лекување и да не доаѓаат на работа се додека матичниот доктор не препорача дека враќањето на работа е можно и да се активира соодветно боледување.
  • Медицинските маски не се потребни за здрави лица, нив треба да ги носат лица кои имаат кивавици, кашлици и температура затоа што на тој начин помагаат во намалување на шансите за зараза на други лица. Оттука, не е потребно здрави колеги да носат маски на работното место.

Мерки кои ги превзема Медицинскиот факултет

  • Ke сe достават дополнителни антисептички средства за хигиена на раце  во сите тоалети и во сите канцеларии  (која не треба да го замени редовното миење на раце);
  • Се одложуваат сите службени патувања надвор од земјата;
  • Се одложуваат семинарите кои се закажани во просториите на Факултетот.

Препораки за приватни патувања

  • Вработените би требало да ги проучат најновите укажувања и препораки за секоја дестинација. Патувањата во странство (земјите каде е утврдено постоењето на вирусот) да ги одложите освен ако истите не се од исклучителна важност; 
  • Советуваме пред тргнување на пат да извршите лекарски преглед за да се утврди евентуално постоење симптоми на акутна болест на дишните патишта. Ако ги има, тогаш е важно да се остане дома; 
  • Оној кој ќе се разболи на пат, за тоа треба веднаш да го извести својот предпоставен.

Подолу Ве упатуваме соодветно да постапите согласно Апелот на Владата на Република Северна Македонија

,, Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје наведени на сликата подолу.

Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат.

Владата на Република Северна Македонија повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.”

Презентација на програма за практикантство во Алкалоид АД Скопје

На ден 11.03.2020 година во 10 часот ке се одржи презентација на програмата за практикантство во Алкалоид АД Скопје. Ги покануваме сите заинтересирани во Амфитеатарот на Медицински факултет.

ПОСТЕР – ЛИНК

Насоки за ИТНО постапување – Министерство за образование и наука

Почитувани,

Во прилог на овој допис ви ги доставуваме препораките и насоките за итно постапување во добиени од Министерството за образование и наука врз основа на Заклучокот од 11. седница на Владата на Република Северна Македонија, со цел превенција од Корона вирусот.

Ве молиме да ги почитувате сите препораки и насоки дадени во дописот.  

ЛИНК – Допис од Министерство за Здравство

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје