Свечено доделување на дипломи

На ден 02.06.2022 година во амфитеатарот на Медицинскиот факултет Скопје со почеток во 11 часот, ќе се одржи свечено доделување на дипломи за студентите кои требаше да ги подигнат во декември 2021 година, а беше одложено поради COVID мерките

75 Години Медицински факултет

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека на 17 Март оваа година се навршуваат 75 години од формирањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,, Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Медицинскиот факултет, како најстара високообразовна установа во нашата држава, ја продолжува својата мисија за одржување на нивото и квалитетот на наставата и пренесување на знаењата на новите генерации. Горди сме на постигнатите успеси и продолжуваме да се стремиме кон подобри резултати и поголем напредок и развој во периодот кој следи.

Нека ни е честит 75-годишниот јубилеј!

УПАТСТВОза спроведување на електронските избори за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Медицински факултет – Скопје” во учебната 2021/2022

УПАТСТВОза спроведување на електронските избори за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Медицински факултет – Скопје” во учебната 2021/2022